(Видео) Зеленски: Русите убиваат цивили, загина 11 годишно дете!

Во ракетирањето на градот Лозова, во украинскиот регион Харков, денеска загинаа 11 луѓе, изјави попладнево украинскиот претседател Володимир Зеленски.
На снимката, што Зеленски ја постираше на социјалните мрежи, се гледа објектот и веднаш потоа и силната експлозија и облакот од чад што се крева над зградата погодена од проектил.
Зеленски на Фејсбук напиша дека ракетирана била зградата на Домот на културата во Лозова и дека во нападот загинале 11 лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете.
„Окупаторите ја земаа културата, образованието и човештвото за свои непријатели. Тие ги гаѓаат со проектили и бомби. Што им е во умот на луѓето кои избираат такви цели? Апсолутно зло, апсолутна глупост”, напиша Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски до фестивалците на Гластонбери: Проширете ја…
Покрај сите светски имиња како Били Ајлиш,…
Зеленски: Ова е победа, чекавме 120 дена…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече „победа“…
(Видео) Зеленски: Утре започнува историска недела, ќе…
Мислам дека на сите им е очигледно…
(Видео) Се додека сте живи постои силен…
По враќањето од фронтот на југот на…
Зеленски со тајни наредби од Западот: Еве…
Економските штети што овие европски земји ги…