(Видео) Зеленски се обрати на руски: Има шанса да преживеете, но..
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им порача на руските војници дека „постојат опции за опстанок“.
Во објава на Телеграм, тој рече дека 55.000 руски војници „загинале во оваа војна за шест месеци“, иако Русија вели дека бројот е многу помал.
Десетици илјади други беа „ранети и осакатени“, додаде Зеленски. „Сакате повеќе? Не? Тогаш протестирајте“, им рекол Зеленски на Русите. „Борете се. Бегајте. Или предадете се во украинското заробеништво“, рече Зеленски. „Ова се вашите опции за преживување“, додаде тој.
Зеленски ја опиша одлуката на Владимир Путин да мобилизира 300.000 резервисти како „чесно признание дека нивната редовна армија, која со децении беше подготвена да преземе странска земја, не издржа и се распадна“.
Поради мобилизацијата, војната сега е нешто што „влезе во секој руски дом“, додаде тој и рече дека Русија вовлекува се повеќе свои граѓани во војната.
И во своето ноќно обраќање, Зеленски се префрли од украински на руски, велејќи им на руските граѓани дека ги „фрлаат во смрт“. „Вие сте веќе учесници во сите овие злосторства, убиства и мачења на Украинците“, рече тој.
„Затоа што молчевте. Затоа што молчите. И сега е време да изберете. За мажите во Русија, ова е избор да умрат или да живеат, да станат инвалиди или да го зачуваат здравјето. За жените во Русија, изборот е да ги губат своите сопрузи, синови, внуци засекогаш или се уште се обидуваат да се заштитат од смрт, од војна, поради една личност“, заклучува тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Украинските сили напредуваат во руската област…
Украинските сили постигнуваат незапирлив напредок во областа…
Падна Gmail, корисниците пријавуваат повеќе проблеми со…
Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со апликацијата…
Руското разузнавање знаело за украинскиот напад две…
Руското разузнавање знаело за претстојната инвазија на…
Македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот…
Македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот…
Русија предупредува на обид за дестабилизација на…
Министерството за надворешни работи на Русија издаде…