(Видео) Зеленски сними “спот” по повод Денот на победата над нацизмот: Злото се врати!

Украинскиот претседател, Володомир Зеленски по повод Денот на победата над нацизмот објави црно-бело видео од разрушениот град Бородјанка и порача дека „злото се вратило“.
Зеленски повлекува паралели меѓу борбата на Украина против руската инвазија и борбата против фашизмот и нацизмот во Втората светска војна и вели: „Никогаш повеќе? Обидете се да ѝ кажете на Украина“.
-На 24 февруари зборот „никогаш“ беше избришан. Беше бомбардиран од стотици проектили во 4 часот наутро. Украинците слушнаа страшни експлозии. Го слушнаа зборот „повторно“. Градот Бородјанка е една од многуте жртви на ова злосторство, а ова зад мене е сведок. Тоа не е воен комплекс или скриена база, туку едноставна зграда. Како може да претставува закана за Русија, вели Зеленски во видеото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски до фестивалците на Гластонбери: Проширете ја…
Покрај сите светски имиња како Били Ајлиш,…
Зеленски: Ова е победа, чекавме 120 дена…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече „победа“…
(Видео) Зеленски: Утре започнува историска недела, ќе…
Мислам дека на сите им е очигледно…
(Видео) Се додека сте живи постои силен…
По враќањето од фронтот на југот на…
Зеленски со тајни наредби од Западот: Еве…
Економските штети што овие европски земји ги…