Објавено на:

(Видео) Зеленски: Чувствуваме како победата ни се приближува

t

Денес е Недела. Јас сум во мојата канцеларија, мојот тим е со мене. Канцеларијата работи, Киев не застанува, земјата не паузира. Погледнете наоколу – секогаш има луѓе кои се борат и работат без престан за нашата победа, напиша пред малку украинскиот претседател Володимир Зеленски на Фејсбук.


– Нема слободни денови на фронтот. Спасувачите и сапарсите се без слободни денови. Лекарите кои им помагаат на ранетите, се без слободни денови. Лекарите кои им помагаат на нашите деца исто така работат без слободни денови. Украинските електричари кои се борат со ирански беспилотни летала немаат одмор. Сите наши транспортери, возачи на камиони…

Волонтери, без кои е невозможно да успееме. Воени претпријатија кои поправаат и градат опрема. Дипломати кои 263-ти ден работат речиси деноноќно. И, исто така, комуникациски работници, безбедносни сили, стотици и стотици други сфери и индустрии, илјадници организации и претпријатија, милиони луѓе.


Сите ние веќе чувствуваме како ни се приближува победата. Затоа што остануваме обединети, остануваме силни и знаеме дека сме во право на нашата земја.
И им благодарам на нашите команданти, разузнавачи и на сите вклучени што ги подготвија нашите следни чекори. Ослободителни чекори, рече Зеленски во неговоро видео обраќање.

ЛИНК од видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Начевски и Николов ќе го судат финалето…

Македонија ќе биде дел од финалето на…

Возачи бидете внимателни: Можна појава на одрони…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Четириесет и петгодишен тетовчанец се бори за…

Четириесет и петгодишен тетовчанец се бори за…

Да не беше Русија кој ќе ви…

Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија…

Скопјанец пронајден мртов во викендица

На 27.01.2023 околу 12.35 часот во СВР…