Објавено на:

(Видео) Зakaна или дрска провокација?: Објавена анимација од атентат врз Трамп со ирански дрон

t

На веб-страницата на иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи е прикажано анимирано видео на кое се гледа роботизирано возило чија цел за атентат е поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Анимираното видео е направено по повод атентатот извршен на 3 јануари 2020 година врз иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Багдад.

На видеото, објавено вчера на веб-страницата на канцеларијата на Хамнеи, се гледа како Трамп е погоден од ирански дрон на теренот за голф во неговиот дом во Мар-а-Лаго, на Флорида.

На видеото е прикажан минатогодишниот пропаганден плакат, на кој исто така се гледа Трамп на терен за голф, повикувајќи на одмазда за убиството на Сулејмани.

Претходно овој месец, иранскиот претседател Ебрахим Раиси побара Трамп да биде „прогонет и убиен“.

Генералот Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски напад во Ирак, е вториот најмоќен човек во Иран, веднаш по ајатолахот Али Хамнеи.

Сулејмани се сметаше за креатор на големите ирански амбиции на Блискиот Исток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

27 години од атентатот врз Киро Глигоров:…

На денешен ден пред 27 години врз…

Косовската влада потврди: Планиран бил атентат врз…

Владата на Косово потврди дека имала информации…

БОМБА: Обид за атентат на Путин?! Поставен…

Телеграм каналот SVR General SVR кој е…

Обид за атентат на помошникот министер за…

Помошникот министер за внатрешни работи на Луганската…

Обид за атентат на њујоршкиот конгресмен Зелдин:…

Во четвртокот вечерта беше извршен обид за…