Објавено на:

(Видео) Израел: Подготвени сме за војна!

t

Утрово десетици ракети беа истрелани од Појасот Газа кон Израел. Службите за итни случаи соопштија дека во нападот една жена загинала, а уште две се повредени. Исламистичката група Хамас ја презеде одговорноста за нападот.

За време на денешните напади, според две болници, ширум Израел се повредени најмалку 100 луѓе. Околу 80 лица со различен степен на повреди се пренесени во Медицинскиот центар Сорока. Медицинскиот центар Каплан во Реховот објави дека лекува најмалку 21 ранет; меѓу кои две лица во тешка состојба. Некои од повредените се со прострелни рани, а други со повреди од шрапнели, соопштија од Медицинскиот центар Каплан.

Израелската армија соопшти дека е подготвена за војна, а Хамас најави почеток на воена операција против Израел, јавуваат светските агенции. Исламистичкото движење Хамас денеска го изврши најголемиот напад врз Израел во последните години, отворајќи жесток ракетен истрел од Појасот Газа, додека вооружените напаѓачи ја преминаа границата.

Израелските одбранбени сили прогласија воена готовност како одговор на ненадејниот напад од Газа. Министерот за одбрана одобри мобилизација на воени резервисти.

Израелските одбранбени сили објавија на Ксу, порано Твитер, дека ќе ја бранат земјата.

На социјалните мрежи се појавија видеа од лансирање ракети од Појасот Газа кон Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постапка против 10 лица за кривични дела…

По спроведена претходна постапка и врз основа…

Итно е опериран израелскиот премиер Нетанјаху!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денеска бил подложен…

„Кртот“ околу истрагата за Државна лотарија не…

Кртот кој им помага на осомничени да…

На хрватските избори во Македонија досега гласале…

До 11:30 часот во странство гласале 5.101…

Избегната трагедија во Канада: Се запали авион…

Авион на компанијата „PAL Airlines“, на летот…