(Видео) Израел успешно го тестира системот Iron Dome за употреба на море

Израелското Министерство за одбрана и морнарицата објавија дека успешно го тестирале C-Dome, поморска верзија на познатиот одбранбен систем Iron Dome, односно „Железна купола“.
Системот Iron Dome се најде на насловните страници за време на конфликтот во Газа минатата година, кога спречи повеќе од 90 отсто од ракетите истрелани кон Израел. По успешната интеграција во системот за воздушна одбрана, САД одлучија да го купат системот од Израел. Мотивирана од успехот на системот, Јужна Кореја исто така разви нешто слично за одбрана од Северна Кореја.
Iron Dome е развиена од израелската државна компанија Rafael Advance Defense Systems со цел да ги заштити градовите од воздушни напади. За прв пат беше користен во 2011 година, а тоа е одбранбен систем земја-воздух со краток дострел кој користи радар за откривање на закани од воздух и лансира ракети Тамир за пресретнување. Воздушните закани не се ограничени само на ракети и проектили, туку вклучуваат и артилерија, минофрлачи и борбени авиони со и без екипаж.
По докажаната ефикасност на верзијата земја-воздух, беше развиена верзија за поморските сили наречена C-Dome.
Израелското Министерство за одбрана и израелската морнарица соопштија дека напредната верзија на системот Iron Dome била тестирана на корветата Sa’ar 6-класа INS Oz во октомври. За време на тестот, биле симулирани закани со кои системот најверојатно ќе се соочи на море. Тестовите биле извршени во близина на брегот на централен Израел.
Иако Железната купола има фантастичен рекорд за противвоздушна одбрана, таа сепак се смета за најниско ниво на ракетниот одбранбен систем на Израел. Израел, исто така, развива ласерски одбранбен систем наречен Iron Beam.
Развојот ќе потрае уште неколку години, а во меѓувреме Израел ќе го користи системот David’s Sling како систем на средно ниво за соборување ракети со среден дострел.
Има и систем Arrow, кој се користи против балистички ракети со долг дострел. Американскиот систем Patriot се користи за одбрана од авиони
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел формира директорат за раселување на Палестинците…
Израелското Министерство за одбрана вчера објави дека…
Израел го нападна Либан
Со повеќе воздушни напади Израел атакуваше на…
Израел ја прекина струјата во Газа
Израел објави дека ја прекинува струјата во…
Израел до Хамас: Не правете грешка, портите…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска…
Израел купува повеќе од 40.000 авионски бомби…
Израел ќе набави повеќе од 40.000 авионски…