Објавено на:

(Видео) Инцидент на Ролан Гарос: Бегу со рекетот погоди дете во публика

t

Романската тенисерка Ирина Камелија Бегу е казнета за инцидентот што се случи на мечот против Екатерина Александрова на Ролан Гарос.

Бегу во моментот на фрустрација по губењето на сервисот во третиот сет (5:5) го фрли рекетот, кој незгодно се одби на трибината и удри во дете. Детето плачеше, натпреварот мораше да прекине некое време додека не се смири.


Бегу доби казна поради неспортско и мораше да плати 10.000 долари по натпреварот, што е најголемата казна изречена од почетокот на турнирот.

За разлика од Бегу, која ќе продолжи да игра и во следното коло, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за сличен инцидент беше дисквалификуван од турнир поради ненамерното удирање на судијата со топчето во врат на УС Опен 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна Ѓоковиќ: Данил Медведев е светски рекет…

Рускиот тенисер Данил Медведев се искачи на…

Фриц Зергел се сомнева во Надал: Користел…

Германскиот лекар, Фриц Зергел го сомничи Рафаел…

Тениски атракции во Скопје во јуни и…

ТЕНИСКИ АТРАКЦИИ ВО СКОПЈЕ ВО ЈУНИ И…

Надал не ја завршува кариерата: Ќе играм…

Рафаел Надал нема да ја заврши кариерата…

Зверев: Скинав неколку лигаменти!

Зверев се жалеше на болки по еден…