Објавено на:

(Видео) Италијанската полиција заплени 4,3 тони кокаин со проценета улична вредност од 240 милиони евра

t

Италијанската полиција заплени 4,3 тони кокаин со проценета улична вредност од 240 милиони евра, нанесувајќи му тежок удар на колумбискиот нарко картел Клан дел Голфо, соопштија истражителите.

Полицијата соопшти дека ова е една од најголемите заплени во Европа и дека ѝ претходела меѓународна истрага во која биле распишани налози за апсење на 38 лица во шест земји – Италија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Холандија и Колумбија.

Истрагата траела повеќе од една година, а биле вклучени колумбиското правосудство и Министерството за домашна безбедност.

Полицијата запленила и 1,85 милиони евра во готовина.

Колумбиските власти во ноември минатата година соопштија дека се фокусирани на разбивање на Клан дел Голфо, кој има мрежа во 28 земји, откако лидерот на групата Дарио Антонио Усуга „Отониел“ беше уапсен во октомври.

„Уште еден тежок удар за најважната група меѓу колумбиските нарко картели“, изјавија италијанските истражители во Трст по заплената на кокаинот.

Тие истакнаа дека за време на истрагата, откриле „густа мрежа“ на врски меѓу јужноамериканските производители на кокаин и европските купувачи поврзани со италијанските криминални организации кои дејствуваат низ Италија, вклучително и во Калабрија, од каде што потекнува „Ндрангета“.

Полицијата следела 19 последователни испораки на дрога од мај минатата година, овозможувајќи ѝ да идентификува „важни посредници“ во глобалниот систем за трговија со дрога и „значителен број“ носители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големо невреме ја зафати Србија

Невреме ја зафати Србија, па така на…

Абазовиќ брутален: Или јас или Ѓукановиќ ќе…

Абазовиќ: Она што се случува вечерва во…

(Видео) Најмалку 16 лица се повредени при…

Попладнево се случил инцидент во Тухељски Топлице,…

Молдавија ќе купува природен гас од Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, која е…

Руската армија обвинува: Украинците претвораат цивилни објекти…

Руска армија: Украинските нацистички баталјони ги претвораат…