(Видео) Ковачевски за “Инфомакс”: Нема да има широка влада, ние имаме легитимитет и ќе се справиме со енергетската криза!

t

На прашање на Инфомакс до премиерот Ковачевски како ја коментира изјавата на Павле Трајанов за формирање на широка влада или влада за национален спас, Ковачевски одговори дека сите партии треба да дадат максиумум за справување со кризата но дека тоа не значи формирање на широка коалиција.

Ковачевски нагласи дека оваа Влада има легитимитет и верува дека ќе се справи со енергетската криза како што се справи и со досегашните кризи.

– Ја видов изјавата, тој веројатно беше мотивиран од она што го кажав во Собранието дека сите партии треба да дадат свој максимум за справување на државата со кризата, но тоа не значи формирање на шитока коалиција бидејќи оваа Влада има и легитимитет и капацитет од секој аспект са се справи со предизвиците. Ова е влада која од прв ден работи со големи предизвици. Успеавме да пребродиме непречено снабдување со храна, делдржави имаа забрана за извоз, дел недостаток на стратешки продукти, успешно се справивме и со пик на коронавирусот и сметам дека ќе се справиме и со енергетската криза, вели Ковачевски.

Проследете ја прес-конференцијата на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Денеска го одбележуваме Денот на Охридското…

Денеска го одбележуваме Денот на Охридското Езеро…

Ковачевски: Финансискиот систем успешно се справи со…

Претседателот на Владата на Република С. Македонија…

Мицкоски до Ковачевски: Достоинството или го имаш,…

Достоинство или го имаш или воопшто го…

Каракамишева: Ако ова не е страшно за…

Целата јавност со горчина ја критикува реакцијата…

Ковачевски: Невработеноста е на историски најниско ниво

„Стапката на невработеност се очекува дополнително да…