Објавено на:

(Видео) Крвава победа на Макрон – има жртви: Полицијата отвори оган, загинаа две лица

t

Француската полиција отворила оган врз автомобил во центарот на Париз, при што загинале две лица, а едно е повредено, објавија утринава Франс инфо и весникот Фигаро.

Инцидентот се случил по вториот круг од претседателските избори, во текот на ноќта во близина на мостот Пон Неф, во строгиот центар на Париз, јавува Ројтерс.

Полицијата прво забележала дека автомобилот се движи во погрешна насока, по што се обидела да го запре возилото и да го провери возачот, додаваат француските медиуми.

Инаку претходно беше објавено дека француската полиција вчера фрлила солзавец врз демонстрантите во центарот на Париз кои протестирале откако претседателот Емануел Макрон повторно победи на изборите.

Полицијата се обиде да ја разбие толпата претежно млади луѓе кои се собраа откако Макрон ја победи Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори, јави Ројтерс. Уапсени се неколку десетици демонстранти, а во протестите има и повредени, јавуваат француските медиуми.

Во Франција вчера се одржа вториот круг од претседателските избори на кои Макрон однесе убедлива победа над противкандидатката од екстремната десница, Ле Пен, освојувајќи над 57 отсто од гласовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Торнадо му се случи на Неготино…

Торнадо му се случи на Неготино, вртлог,…

Сиктер ферман за Арафат Муареми

„Политиката против правдата - кој го штити…

Пронајден мртов маж во Аеродром

На 15.08.2022 околу 11.45 часот во Полициска…

ЕУ загрижена за зголемениот обем на трговија…

Земјите од Европската Унија се сè позагрижени…

Руската црква за Европрајдот во Белград: ЛГБТ…

Руската црква соопшти по повод Европрајд во…