(Видео) КФОР на сите влезови во општината Лепосавиќ: Врие од војници пред протестот за поддршка на уапсените Срби

Војниците на КФОР денеска се во поголем број отколку во изминатите денови во Лепосавиќ, пред закажаниот мирен протест за поддршка на уапсените Срби во општината.
На влезот во Лепосавиќ од правец на Северна Митровица, на кривината за селото Јошаница, каде што е сместена воената база на КФОР, од рано утрото на главниот пат се распоредени голем број латвиски војници на КФОР , а помал број се распоредени на сите приоди и влезови во центарот на градот.
Пред општина Лепосавиќ се собрани малку повеќе граѓани од вообичаено, а во кругот пред зградата на општината утрово има унгарски и американски војници на КФОР, како и возила на ЕУЛЕКС.
Припадниците на летонскиот контингент на КФОР поставија четири контролни пунктови во центарот на Лепосавиќ, со цел, според Косово онлајн, да спречат неовластено влегување во општинската зграда.
Како што објави онлајн порталот Индекс на албански јазик, КФОР не дозволува влез на припадници на специјалната единица на косовската полиција во Лепосавиќ.
За денеска во 12 часот е најавен мирен собир на поддршка во Лепосавиќ поради невино уапсените сограѓани Немања Влашковиќ и Далибор Спасиќ. Утрово е уапсен и Урош Вукашиновиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По четири и пол години, една држава…
Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти…
Белгија планира да испрати затвореници во Косово
Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или…
Германија праќа 300 војници на Косово во…
Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…
Косово ќе склучи договор за одбрана со…
Владата на Косово, иако во технички мандат…
Населението на Косово забрзано старее
Според податоците на Агенцијата за статистика на…