(Видео) Лазаров испратен како КРАЛ, Нант ѝ се поклони на македонската легенда!

Кире Лазаров синоќа го одигра последниот натпревар во арената во Нант, а навивачите на овој клуб знаеја на најдобар начин да му се заблагодарат на Македонецот за сето она што тој го направи за тимот, во кој дојде по заминувањето од Барселона и го одведе до две фајналфор завршници во Лигата на Шампионите.
„Кралот Кире“ е прекар што македонскиот бомбардер го доби низ годините на европската ракометна сцена, а Нант го круниса на најдобар можен начин, седнувајќи го на трон, со круна на главата, со семејството веднаш до него.
Нема сомнеж, Лазаров се повлекува не само како најдобар македонски ракометар на сите времиња, туку и еден од најдобрите во Европа што некогаш го играле овој спорт. Во Нант тоа многу добро го знаат, па затоа ја испратија нашата спортска легенда во пензија онака како што доликува на еден великан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Објавени медицинските центри во странство каде се…
Министерството за здравство попладнево ги објави медицинските…
Пронајдени 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар,…
МВР информира дека денеска полициски службеници од…
Плоштадот на Федерацијата во Мелбурн осветлен во…
Плоштадот на Федерацијата во Мелбурн осветлен во…
ОЈО ГОКК бара притвор за службеник во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство загонење…
Пукање попладнево во Моране: Едно лице е…
Едно лице е повредено во пукање во…