(Видео) Левица го потсети Мицкоски дека потпишуваа изјави на нотар: Со влезот на ВМРО-ДПМНЕ во оваа влада може да се стави крај на македонската демократија

Со влезот на ВМРО-ДПМНЕ во оваа влада, може да се стави крај на македонската демократија. Ова го изјави портпаролот на политичката партија Левица, Амар Мециновиќ по денешната лидерска средба на која Ковачевски му понуди на Мицкоски влез во Владата по гласањето за уставните измени.
Од Левица оценија дека ова се најтемните дни за македонската демократија, а, како што велат, ВМРО-ДПМНЕ се приклучува на патот кон бездната во која не’ води СДСМ.
„Владата нема легитимитет. Првпат го загуби во 2020 година на локалните избори, потоа добивме неизбран премиер кој со својата нелегитимна влада беше целосно нетранспарентен во изготвување на францускиот предлог со Софија во посредништво на Париз, и сега имаме ситуација каде постои консензус за францускиот предлог, но се работи на поларизација на нашето општетство. Се движиме кон криза на демократијата. Ова е авторитарен режим. Со влезот на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, само Левица ќе остане партија која не влегувала и излегувала од владејачкото мнозинство“, изјави Мециновиќ.
Говорејќи за ВМРО-ДПМНЕ, тој рече дека опозицискиот лидер имал многу променливи изјави за измените.
„Пратеници потпишуваа изјави на нотар, потоа нудеше предвремени избори и да се стават уставните измени во предизборните програми, и на крајот неговиот Извршен комитет сабајлево излезе со изјава дека не ги прифаќаат уставните измени под бугарски диктат. Но тоа е само изјава за членството, кое сепак следи и е свесно за одлуките на раководството. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ има улога во исполнувањето на софиската платформа“, рече Мециновиќ.
За условот на Мицкоски за влез во Владата ако излезе ДУИ, Мециновиќ кажа дека иако на ВМРО-ДПМНЕ сега му е проблем да биде со ДУИ во Влада, совршено функционираат во Советот како партнери во Велес. Со влезот на ВМРО-ДПМНЕ во оваа влада, вели Мециновиќ, може да се стави крај на македонската демократија.
Прашан дали Левица е за влез на Македонија во ЕУ, портпаролот на Левица кажа дека апсолутно да, а партијата има соработка со левичарските партии во Унијата. За Бугарија рече дека оваа држава се однесува како колонијална сила, но очигледно нашата дипломатија не може да одговори на овие предизвици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народот му се смее: Мицкоски најави нова…
Премиерот Христијан Мицкоски најави нова странска инвестиција…
Истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево: Дојде…
Дојде време овие ВОШКАРИ да одлучуваат за…
Зеленски пријавил дека неговото семејство лани имало…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пријавил дека минатата…
Девојка нападната во Скопје, полицијара го расчистува…
На 29.03.2025 во 21:30 часот во СВР…
Иселувањето најмногу ги погоди земјоделството, градежништвото и…
Земјоделството, градежништвото, угостителството, туризмот – овие гранки…