(Видео) Левица поднесе амандман да остане името ,,Македонски” шуми – власта го одби
На денешната собраниска Комисија, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, поднесе Амандман на Предлог – законот за шуми, во кој е предвидено бришење на зборовите ,,Република Македонија” и ,,македонски шуми” – власта го одби Амандманот.
Со овој амандман, Левица побара да не се врши бришење на термините ,,МАКЕДОНСКИ” од страна на Владата.
Пратеничката Мојсоска истакна дека предлагачот, односно министерот Цветан ТРИПУНОВСКИ, има ДВА основа по кои може да го прифати овој амандман и да остане ,,Република Македонија”. Првиот е политички основ и се однесува на неисполнување на преземените обврски од страна на Република Грција, со што целиот терет на обврските паѓа на грбот на Република Македонија.
Вториот основ на кој може да се повикаат ВМРО-ДПМНЕ е правен и истиот се дефинира во самиот Преспански договор.
Мојсоска истакна дека Договорот предвидува политички преоден период, кој ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба на Македонија. Издавањето на ваквите документи и материјали ќе започне со отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со ЕУ и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.
Мојсоска потенцира дека Република Македонија нема отворено ниту едно поглавје со ЕУ за власта да го брише терминот Република Македонија и македонски шуми од сите законски акти.
И покрај истакнатите аргументи од Левица, министерот Трипуновски и пратениците на ДПМНЕ го одбија Амандманот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…
Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…
СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ…
Собранието денеска треба да ги разгледа на…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…
Левица бара од министерот за здравство, Арбен…
Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла
Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…