(Видео) Левица: Пратениците да го изгласаат Предлог-законот за жените земјоделки да добијат платено породилно отсуство

t

Земјоделките во Р. Македонија се дискриминирани во однос на останатите работнички за правото на платено породилно отсуство. Оваа нееднаква социјална политика сериозно се одразува врз репродуктивното, психолошко и физичко здравје, а за жал и врз здравјето на новороденчињата и децата.

Оваа нееднаквост кај земјоделките ги принудува да работат за гол опстанок и доведува до значителни здравствени ризици.

Правото на надоместок на плата за време породилно отсуство, по својот социјален карактер значи планирање на семејство и е обврска на државата и треба да е на товар на Републичкиот буџет.

Со предложеното законско решение кое го поднесоа пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, ќе се заштити мајчинството како основно право на жените загарантирано со Уставот и со меѓународните акти. Жените-земјоделки ќе добиваат паричен надоместок за време на породилно отсуство кое не може да биде пониско од минималната плата. Очекуваме и ги повикуваме сите пратеници и пратенички во собранието да го изгласаат овој наш Предлог-закон во интерес на земјоделките, како една од најранливите категории.

И додека владејачката ДУИ со СДС купуваат гласови со привидни мерки и мизерни 9.000 денари месечно кои ги нудат за мајчинство на земјоделките, Левица нуди трајно законско решение со кое жените-земјоделки ќе имаат гарантирана финансиска сигурност за време на породилното отсуство!

АФЖ на Левица ќе продолжи да ги артикулира и да ги брани интересите на сите жени во Македонија подеднакво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче од Берлин: Овде сум да ги…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко…

Земјотрес утрово во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на…

Трамп ги повика Израел и Хамас да…

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Израел…

Филипче на средба со вицеканцеларот Клингбајл: Европската…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…

Ѓоковиќ: Оваa ми е најдобра шанса да…

Следната недела почнува грен – слем турнирот…