(Видео) Лондончанец во Катар успеа да ги гледа – сите мечеви!

t

Англичанецот Бен Блек од Лондон е победник на овој 22-ри Мундијал кој влегува во последната највозбудлива недела со полуфиналињата и финалето, зашто успеа да ги гледа сите мечеви на Светското првенство, досега вкупно 60 од 64-те во 29 дена.

Блек ќе се запише во светската историја како единствен навивач кој успеал да види буквално сè во Катар, од воведното отворање на 20 ноември со мечот Катар – Еквадор, па заклучно со неделното финале.

И мајсторијата е што успеа да стигне на секој меч во најтесниот период кога од 13 часот до 22 часот по катерско време гледаче по четири меча двенвно во двонеделниот маратон со првото и второто коло, а потоа успевал да стигне и на мечевите во ист термин да одгледа по едно полувреме, што е неверојатно.

Англиски „Сан“ го најде Бен, кој на мечевите одеше и во дресови на други репрезентации и се дружеше со навивачите од различни земји. Инаку тој е „тик-токер“ и јутјубер кој има преку 170 милиони прегледи на предизвикот СП во Катар, каде е дојден како еден од многуте инфлуенсери што ги избра домаќинот за да направат пропаганда за одличната организација на Мундијалот.

Сега му остануваат уште четири меча, по еден дневно, во вторник и среда со полуфиналињата, во сабота со малото финале и во недела со – битката за пехарот.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинските сили за противвоздушна одбрана пресретнале 65…

Од Украинските сили за противвоздушна одбрана информираа…

Сирија доби нова привремена влада

Сирискиот претседател Ахмед ал Шара објави дека…

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански…

Вонредна состојба во Приједор, големи поплави во…

Во Приједор, Босна и Херцеговина, евакуирани се…

Пожар во дом за стари лица во…

Најмалку 25 лица се повредени во пожар…