(Видео) Мега скандал на Блаце: Македонски граничар за 120 евра мито пропушта шест албански државјани – СЕ Е СНИМЕНО НА КАМЕРА!

Нов мега скандал го тресе македонскиот државен апарат откако албанската телевизија Клан со своите камери успеа да улови како македонски цариници земаат мито од телевизиската екипа.
Екипата на клан плати 120 евра за цариникот да пропушти шест албански државјани без никакви проверки на граничниот премин.
Бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници се обратил до телевизија Клан потончно шоуто „Стоп“ со информации дека му бара поткуп за услуга што треба да биде бесплатна од страна на граничарите. Тој трпел огромен притисок од македонските цариници.
-„Јас сум албански бизнисмен кој превезува автомобили и луѓе внатре и надвор од државата. Многу проблеми имаме македонската царинска полиција. Не мито, туку им даваме плати секој ден, од 500 евра, 700 евра по автомобил. За секој патник тарифата беше 50 евра, но сега падна на 20 евра. Мито! За секој човек. Носам 20-30 патници. За секој патник мора да се дадат 20 евра, открива бизнисменот за Клан.
Екипата на „Стоп“ потоа замина на граничниот премин Блаце за да ја открие тамошна корупција, а од новинарската екипа беше побаран поткуп од 20 евра по човек.
Инфомакс дознава дека се работи за висок полициски службеник кој претходно му се заканувал на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и на социјалните мрежи напишал „Може ли Спасовски се по список да ти е..“.
Се работи за Елхам Шкрета, полициски службеник на полицискиот премин Блаце,кој во 2019 година го нарече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, икона.
Тој е раководител на смена на Блаце, а пред неколку години под линк од денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски напиша:
-Може ли Спасовски се по список да ти е.. Мрш племе невидено.
Делот со митото започнува на 13 минута, на истиот претходи сведошвтово на бизнисменот кој бил секојдневна жртва на граничарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Пендаровски се сретна со германската МНР:…
Претседателот Стево Пендаровски ја прими Аналена Бербок,…
Бугарски академик: Треба да ја промениме политиката…
Проф.д-р Спас Ташев од Бугарската академија на…
Балканска работа: Македонка и Србинка се испотепале…
На 22.03.2023 во Полициското одделение Петровец, В.Д.(30)…
Добра вест: Следната недела дополнително ќе се…
Производителите на брашно во државата следната недела…
Агелер сѐ уште не открива имиња од…
Соединетите Американски Држави сѐ уште не ги…