(Видео) Мециновиќ: Аграрни кооперативи, бескаматни кредити, загарантиран откуп за земјоделците и платено породилно отсуство за жените земјоделки

t

Носителот на пратеничката листа на Левица во ИЕ 2, Амар Мециновиќ, од терен наброја неколку проекти од програмата на Левица во врска со земјоделците и земјоделието.

  1. Формирање на аграрни кооперативи со стручна, техничка и технолошка поддршка.
  2. Здраствено и пензиско осигурување за секој регистриран земјоделец.
  3. Доделување на земјоделско земјиште и бескаматни кредити, грантови, на лица кои сакаат да се занимаваат со земјоделство и останат да живеат на село.
  4. Укинување на субвенциите за големите агро комбинати и нивно пренасочување кај индивидуалните земјоделци.
  5. Заштита на плодното земјиште од негова пренамена во градежно.
  6. Забрана за градење на фотоволтаични централи на земјоделско земјиште од висока класа.
  7. Рестартирање на старите земјоделско-индустриски комбинати.
  8. Отворање на државни откупни центри со загарантирана откупна цена.
  9. Платено породилно отсуство за жените земјоделки.
  10. Планско земјоделско производство (петтолетка)
  11. Полнење на стоковите резерви со домашни производи.
  12. Поттикнување на оранжериското производство на раноградинарски производи кои се дефицитарни. – напиша Мециновиќ на Фејсбук.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…

Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…

Левица бара од министерот за здравство, Арбен…

Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла

Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…

Левица: Слободата на Груби е колективен договор…

Слободата на Груби е колективен договор на…

Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…

ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…