(Видео) Меѓуетнички односи на ниво: Иссвиркан македонскиот јазик на прославата за Рамковниот договор

t

Вчера вечер на Плоштадот “Скендербег” во Скопје се одржа забава по повод 21 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Забавата ја организираше Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците, познато како “министерството на Артан Груби.”

Многумина ваквата “журка” ја нарекоа партиска прослава на ДУИ, а јавноста бурно реагираше откако беа објавени бајковити суми од околу 100.000 евра за организација на концертот кој помина без македонски изведувачи откако и Антонија Гиговска и Владо Јаневски ги откажаа нивните настапи на истиот.

Она што помина скоро незабележано во јавноста е делот каде насобраната маса ја иссвирка водителката кога почна да зборува на македонски јазик за да им посака добредојде на гостите.

Можеби ваквото свиткање на македонскиот јазик покажува колку Охридскиот рамковен договор допринесе за подобрување на меѓуетничките односи…

Видео: Алфа ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КОНЕЧНО: Се договорија Владата и СОНК

Синдикатот за образование, наука и култура и…

Падна договор власт-опозиција: Трудо останува на власт…

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека…

Ни се повторува преспанскиот договор: Добро-соседскиот не…

Јасна порака од Петков или ненамерна грешка…

Мицкоски: Ова не е циркус – Нема…

При денешната посета на општина Ѓорче Петров,…

Дали е на повидок решавање на украинската…

Руските и украинските преговарачи се согласија дека…