Објавено на:

(Видео) Меѓународен скандал: Русија го УАПСИ јапонскиот конзул под обвинение за шпионажа!

t

ФСБ го приведе јапонскиот конзул Мотоки Тацунори во Владивосток под сомнение за шпионажа. Конзулот е прогласен за персона нон грата.

РИА Новости пренесува дека Тацунори „бил фатен на дело додека добивал доверливи информации за пари“. Податоците се однесуваат на „соработката на Русија со една од земјите од азиско-пацифичкиот регион, санкциите и нивното влијание врз Приморскиот крај“.

Претходно денеска, Јапонија ги прошири санкциите против Русија со забрана на извоз на стоки поврзани со хемиско оружје. „Јапонија е длабоко загрижена за можната употреба на нуклеарно оружје“, рече главниот секретар на кабинетот Хироказу Мацуно. На списокот со санкции се додадени 21 руска научна лабораторија кои би служеле како крајна дестинација за извоз на материјали потребни за создавање хемиско оружје. Мацуно додаде дека Јапонија ќе продолжи да работи со меѓународната заедница за поддршка на Украина и санкционирање на Русија.

За време на Генералното собрание на ОН минатата недела, јапонскиот премиер Кишида Фумио ја искористи платформата за повторно да ја критикува Русија за „заканата од употреба на нуклеарно оружје“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паника во САД и Јапонија: Не можат…

Вашингтон и Токио нема да можат да…

Британско разузнавање: Се намалува поддршката за Русија…

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај…

Стапува на сила ограничувањето на цената на…

Европската унија во службениот весник ја објави…

Бега од Русија? Основачот на “Путинка” добил…

Рускиот милијардер Василиј Анисимов, сопственик на компанијата за…

Русија одговори на санкциите: “Отсега Европа ќе…

Русија го отфрли воведувањето на западното ограничување…