(Видео) Митовски ги растури мерките на Владата: Нека оди Таче со 1000 денари да испазари за цел месец!

t

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во вчерашното издание на Тешки Муабети на Инфомакс ги демистифицираше со ред секоја од наводните „антикризни мерки“ на Владата на Димитар Ковачевски.

Она што на хартија изгледа сложено и непознато за поголемиот дел од македонските граѓани впрочем ништо нема да промени во наредните месеци кога станува збор за животниот стандард на граѓаните истакна Митовски.

Тој констатира дека од понуденото се работи за ефтин ПР на Владата на Ковачевски кој на ниту еден начин нема да влијае на подобрување на животниот стандард.

Голем дел од таканаречените мерки се само препораки, а она што значи ефективна и директна помош за ранливите категории на граѓани е премалку. Колку за пример Митовски разговараше за единечната парична помош од илјада денари за околу 35 илјади македонски граѓани што е премалку за било кој граѓанин.

-Ваучери за основни производи од по 1000 денари за три месеци, не за секого туку за 35.000 граѓани од најранливите категории. Нека оди Таче утре со еден список во било кој маркет да испазари за 1000 денари се што му треба, му порача Митовски на Ковачевски.

Митовски додаде дека голем дел од мерките важат само за одреден временски интервал што е недоволно бидејќи во моментов никој ниту знае, ниту може да гарантира кога ќе завшри кризата.

-Намалување на повластена стапка на ДДВ за основните производи за исхрана од 5 на 0%, добра мерка кога би била наменета за кризните ефекти но таа се однесува на месеците април и јуни. Се уште расте цената на производите, а ќе се намали за 5% од април и ќе трае до јуни. Кој му гарантирал на Теч дека конфликтот ќе трае до јуни и после нема да се чувствуваат ефектите не знам. Замрзнување на маржите на основни производи за исхрана за истите месеци, вели Митовски.

Она што го изненадува уредникот на Инфомакс е фактот што и покрај катастрофалната економска ситуација во државата, никој не е на улица да протестира за подобар живот и да бара социјална правда.

“Во Италија, Германија, Албанија имаше протести протести за зголемување на цените на струјата и горивата. Кај нас никој не протестира затоа што Владата донесе антикризни мерки, сите уживаат, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема индиции дека Русија ќе употреби нуклеарно…

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер денеска…

Се формира совет за унапредување на образованието…

Министерството за образование и наука согласно направените…

Три лица повредени во сообраќајка кај Муртино:…

Три лица се повредени во сообраќајка која…

(Видео) Големи експлозии во воздухопловна база на…

Експлозии од големи размери и детонации со…

Столтенберг ги осуди ракетните тестирања на Северна…

НАТО упати критики кон Северна Кореја поради…