(Видео) Митовски ексклузивно: Инфомакс ќе известува од терен од руско украинската граница

t

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, во најновото издание на емисијата Тешки муабети најави дека редакцијата чека дозвола за известување во живо од настаните на руско украинската граница.

„Правиме напори да добиеме дозвола да направиме репортажа барем од граничниот појас помеѓу Русија и Украина во делот на Донбас. До каде е процедурата не знам, затоа што немаме повратен одговор, но веројатно ќе добиеме дозвола. Ако добиеме дозвола ќе известуваме“, откри Митовски


Тој информираше дека барање за дозвола е испратено и до украинската и до руската држава.

„Испративме барање до амбасадите, која прва ќе ни одговори, на таа страна ќе застанеме, во смисла, не да ги браниме, туку од таму ќе снимаме, таму физички ќе се наоѓаме. Немаме одговор ни од едната ни од другата сѐ уште.“, изјави Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добро утро со Инфомакс: Што е подобро-…

Кафето е еден од најпопуларните пијалаци во…

Добро утро со Инфомакс: Шест видови храна…

Доколку не сте утринска личност, будењето рано…

Добро утро со Инфомакс: Пет најдобри утрински…

После водата, чајот е вториот најпродаван пијалак…

(Видео) Нацев: На Балканот не се очекува…

По денешната ескалација на Украинската криза, во…

(Видео) Интервју: Не можеме да ги нахраниме…

По денешната ескалација на Украинската криза, во…