(Видео) Митовски: Сите партии вработуваат за да имаат армија гласачи – Не може народот да протестира сам без некој да го повика и да понуди алтернатива

t

Во денешната епизода на “Тешки муабети” се зборуваше за активностите на политичките партии, меѓу кои и вработување во администрација, а тие луѓе подоцна се користат како партиска армија за време на избори.

Горан Момировски рече дека СДСМ и ДУИ имаат партиска армија од илјадници гласачи и тие секогаш ќе имаат плус на избори на што Митовски одговори:


“Ама сите го правеле тоа, тоа е карактеристика на сите што биле на власт. Сите вработувале некого и имаат армија гласачи. Силата на власта е поради немање соодветна реакција од опозицијата.

Кога некој ќе повика на протест тоа значи дека тие што одат на протест ќе имаат алтернатива, ако повика опозицијата треба да каже што е погрешно, а што ќе направат тие. Така луѓето знаат за што протестираат. Не може народот сам да оди без некој да повика.”

Следете ја емисијата на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=1634614823565983&notif_id=1649618110098493&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ