(Видео) Молотови коктели и шок бомби во Солун: полицијата застрелала тинејџер поради неплатена сметка на бензинска

t

Насилни протести избија синоќа во Солун откако полицијата застрела тинејџер Ром откако наводно ставил гориво во своето возило на бензинска пумпа и заминал не плаќајќи ја сметката.

Околу 1.500 луѓе учествуваа во протестите кои вчера вечерта ги организираа левичарски и анархистички групи во центарот на Солун. Некои кршеа продавници и ја гаѓаа полицијата со Молотови коктели, која одговори со солзавец и шок бомби.

Тинејџерот со тешки повреди бил примен во болница во Солун по што следеа протестите, а имаше и судири со полицијата.

Состојбата на момчето со ромско потекло е критична. 34-годишниот полицаец кој го застрелал во главата е уапсен и суспендиран. Против него е отворена истрага.

Пред протестот, стотина Роми поставија барикади блокирајќи го главниот пат пред болницата во која било префрлено момчето. Полицијата користела шок бомби и солзавец за да ги разбрка демонстрантите на барикадите.

Неколку стотици луѓе учествуваа во мирниот протестен марш во центарот на Атина поради пукањето, како и поради претходен инцидент во кој Ром бил застрелан за време на полициска потера. Демонстрантите во главниот град на Грција носеа транспарент со натпис: „Ги застрелаа затоа што се Роми“.

Припадниците на ромската заедница во Грција и активистите за човекови права често ги обвинуваат грчките власти за дискриминација на Ромите. Неколку Роми настрадаа или се повредени во последните години при судири со полицијата додека наводно се обидувале да избегнат апсења поради кршење на законот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе настапи во…

Како што известуваат од неговиот тим, в…

(Видео) СТРАШНА БУРА ВО БУДВА: Ветер од…

Силен ветер и бура се забележани во…

Дуда: Ќе кренам железна завеса до небо…

Во своето обраќање до медиумите, Дуда истакна…

Грковска од Вашингтон: Со одолговлекување на членството…

За Македонија, како најнова членка на НАТО…