ВИДЕО: НАСА успеа да ја лансира мегаракетата „Артемис 1“ на Месечината

t

По два неуспешни обиди, НАСА успеа да ја лансира својата нова мегаракета Артемис 1 на Месечината.

-Моторите изгледаат добро, изјавија од НАСА околу пет минути пред лансирањето на ракетата која патува со брзина од близу 10.000 км/ч (9655 km/h).

Мисијата Артемис 1, шестнеделен пробен лет без астронаут, е прв чекор во плановите на НАСА која планира на Месечината да воспостави долгорочна лунарна колонија како отскочен чекор кон уште поамбициозни идни патување со човек кон Марс.

Се работи за прво патување на голема ракета Space Launch System (SLS) и нејзината капсула Орион без екипаж. Орион ќе носи симулиран трочлен екипаж, една машка и две женски кукли кои се опремени со сензори за мерење на нивото на радијација и други параметри кои би можеле астронаутите да ги доживеат.

Артемис 1 е прогласена за најсилна и најкомплексна ракета на светот, а SLS претставува најголем нов вертикален лансирен состав кој американската вселенска агенција го изработила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На кого ветувал Мицкоски промена на Уставот?!

„Трет ден трае молкот на Христијан Мицкоски…

Паникa во Британија, властите издадоа предупредување: Смртоносна…

Избувнувањето на стрептокока А во Велика Британија…

Инвазија: Нов бугарски клуб, овојпат во Кавадарци!

На 11 декември во Кавадарци ќе биде…

Османи: Не можеме да дозволиме или да…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи одржа…

(Видео) Навивачка на Швајцарија покажа „двоглав орел“,…

Репрезентацијата на Србија не успеа да се…