Објавено на:

(Видео) Научниците без зборови: Илјадници мpтви риби испливаа на чилеанската плажа

t

Шокантните снимки на кои се гледаат илјадници мртви риби на плажите на полуостровот Колиумо во чилеанскиот регион Биобио, ги збунувија научниците.
Инцидентот, наводно, се случил во неделата кога неколку утрински пешаци биле шокирани откако виделе дека плажата е очигледно „посребрена“ поради илјадници мртви риби кои лежат на брегот, пренесува „Спутник интернешнл“.
Опишувајќи го како необјаснив природен феномен, еколошките службеници истражуваат што би можело да предизвика смрт на рибите и го тестираат квалитетот на водата во регионот.
Локалните жители веруваат дека смртта на толку многу риби може да биде резултат на ниското ниво на кислород во подлабоките води, што ги принудило да пливаат во близина на брегот во потрага по кислород.

Неколку работници ќе спроведат голема акција на чистење на плажата.

Сличен инцидент беше забележан минатата година во Чиле кога мали количини кислород во водата исфрлија голем број риби на брегот во потрага по хранливи материи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дневен хороскоп за понеделник (25.04.2022)

Овен Работа: Овој период ќе го означи…

Економски бум во Чиле: Претседателот објави план…

Претседателот на Чиле, Габриел Бориќ, објави план за…

(Видео) Научниците без зборови: Илјадници мpтви риби…

Шокантните снимки на кои се гледаат илјадници…

Стотици илјади риби изумрeле од студот во…

Стотици илјади одгледувани риби угинаа од термички…