(Видео) Нема место во болницата: Во Куманово инфузија се дава во ходници

На Инфективното одделение во Куманово пациентите се третираат во ходниците, поради недостиг на простории, јавува репортерката на ТВ21.
Имено, низ ходниците во болницата се поставени кревети каде заразени пациенти примаат инфузии, а до нив се и оние кои ги чекаат резултатите од тестот.
Лекарот Алириза Османи за ТВ21 вели дека станува збор за пациенти кои примаат дневна терапија или пациенти кои доаѓаат на преглед, а кои не се тестирани.
„Станува збор за пациенти кои добиваат дневна терапија или евентуално доаѓаат да се прегледаат и има потреба од давање терапија поради замор или малаксаност на пациентот. Има многу кои не се тестирани“, вели Османи за ТВ21.
Се работи за околу 50 пациенти од кои 18 се на инфективно, 33 во модуларниот центар, а над 60 пациенти доаѓаат по дневна терапија.
Целата сторија можете да ја погледнете во централните вести во 19:30 часот на ТВ21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сериски политички самоубица: Mицкоски на парламентарни во…
Ајде да разговараме со факти... 1. И…
Видео: ЗОШТО ВИ ПРЕЧИ ПРИСУСТВОТО НА БУЈАР…
Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензи упати…
Во Србија изработен просторен план за гасна…
Во Србија е изработен и ставен на…
Грчки овци изеле околу 100 килограми медицински…
Стадо овци изеле речиси 100 килограми канабис…
Азербејџан и се извини на Русија за…
Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев му се…