(Видео) Не знаат што излажаа: Гаши сега тврди дека неговото обезбедување воопшто не било на аеродром
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши повторно ја шокира македонската јавност откако вчера се случи најголемиот скандал во поновата македонска историја кога полициски службеник обезбедување на претседателот на Собранието впери репетиран пиштол во главата во друг полициски службеник кој не дозволува косовоската претсдателка Вјоса Османи да помине граница без да и биде проверен багажот.
Денеска Гаши тврди дека воопшто немало инциден и дека неговиот шеф на обезбедување воопшто не бил на аеродромот во Скопје.
Н: Посоченото лице се уште работи кај Вас во обезбедувањето?
-Кое посочено лице?
Н: Тоа што било пријавено на аеродромот.
-Имате Вие сознанија?
Н: Од МВР велат дека имаат пријавено такво лице.
-Е па кое е тоа лице?
Н: Јас не го кажав со име, не знам. Само прашувам.
-Е па кога не знаете, зошто прашувате дека имало одредено лице? Значи, немало…“
Вчера од Собранието демантираа какво била вмешаност на членови на личното обезбедување на Африм Гаши во инцидент. Тие само биле присутни за да се смири ситуацијата настаната од, како што се додава, недоразбирањето меѓу обезбедувањето на претседателката на Република Косово Вјоса Османи и припадниците на аеродромското обезбедување.
Ова се деталите за тоа што впрочем вчера се случува на скопскиот аеродром.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Уапсен маж кој ѝ се заканувал на…
Маж од американската сојузна држава Вирџинија е…
(Видео) Ангелов: Нема населени места загрозени од…
Нема потреба од паника и од вознемиреност…
Ѓоковиќ сака да настапи и на Олимписките…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој ја освои…
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…