(Видео) Нова “бомба”: Поранешниот градоначалник на Прилеп нелегално дал амин за градење на нелегален објект

t

На денешната прес конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, соопшти дека поранешниот градоначалник на Прилеп, Илија Јовановски направил криминали за кои апртијата има докази.

Според Арсовски, поранешниот градоначалник незаконски давал дозвола за градба на објект кој е сега нелегален.


Ова е партиското соопштение:

“Почитувани,

Криминалот на градоначалниците на СДСМ е очигледен. Секојдневно гледаме и слушаме како направиле низа неправилности, а Јавното обвинителство и Антикорупциската спијат. Нема општина кај и да се свртат, кај и да погледнат граѓаните, а да не се правело сериозен криминал и кривични дела. Јасно беше дека уште од претходно се потонати во криминал до гуша, но сега веќе има и евидентни докази кои ги презентираме во јавноста и нормално ги носиме до обвинителството.

Илија Јовановски, поранешен градоначалник на општина Прилеп, кој јасно беше дека му е прв и последен мандат како градоначалник, направил сериозни кривични дела додека бил на функцијата.

Имено, накратко да им објасниме на граѓаните, а за се поседуваме и докази дека веќе е поднесена кривична пријава за Јовановски, што и како направил за да го прекрши законот?

Извесна парцела каде што се имало одобрение за градба од 2005-тата година, некаде на средина на мандат на Јовановски, се менува на чуден начин инвеститор и се отпочнува со градба на објект. Инаку првото одобрение за градба е на одредена фирма АГД Градба која што за 6 месеци откако им е дадено во 2005-тата година одобрение за градба не отпочнале со изградба на објектот кој што го планирале. Менувањето настанува токму баш за тоа, и нејасно е дали и како односно спротивно на закон Илија Јовановски го дава одобрението за градба за истава оваа парцела каде што не била отпочнато да се гради објектот на друга фирма одредена ДПТУ Дино 99.

Е сега, оттука, откако почнува да се гради новава фирма која што на чуден начин го стекнува одобрението на градба, односно Илија Јовановски го менува инвеститорот за оваа парцела. Градежни инспектори од општина Прилеп излегуваат на терен и констатираат неправилности, нелегалности и крајно, ја стопираат градбата. Ја стопираат затоа што на страна од законот, односно од проектот кој што го поднеле има направено плус одредени други простории кои што не биле влезени во проектот. И со тоа се покажува дека го прекршиле законот.

Откако го констатираат сите неправилности инспекторите, законот наложува да одобрението за градба градоначалникот го стави како ништовно, односно целата постапка треба практично да се отпочне одново или тој објект да биде срушен. Но, наместо да се поништи актуелното одобрение, инвеститорите поднесуваат барање за измена на основниот проект во градба, практично да ги легализираат нелегалностите кои што ги направиле.

И оттука наместо да има правна разрешница, како што вели законот за овој објект, инвеститорите си продолжуваат и го градат целиот објект, а градоначалникот не презема никакви активности. Напротив на секој можен начин им дава легитимитет на овие неправилности кои што биле направени.

Јасно е дека Илија Јовановски како градоначалник извршил сериозно кривично дело и злоупотреба на службена положба и прашуваме дали добил некаква награда за истото прекршување на законот за цела оваа постапка?

Она што е најинтересно до неговото заминување, на сила било решението за стопирање на градбата односно констатираниот записник од страна на инспекторите, а сепак инвеститорот си го изградил објектот, нормално и најверојатно со амин на Илија Јовановски, кој што бил градоначалник.

Повторно ги повикуваме Јавното обвинителство и антикорупционерите, да поведат постапка и да не замижуваат пред овој криминал, кој е само еден во низата. Верувајте дека во секоја општина каде што говориме дека има сериозен криминал и поднесуваме пријави никаде Јавното обвинителство и Антикорупциската немаат преземено ниту еден чекор.

Начинот на работа на СДСМ е јасен и евидентен. Помили им се провизиите и наградите, отколку почитувањето на законите и потребите на граѓаните. Впрочем какво раководство, такви и послушници низ општините.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прилепската полиција фати банда што крадела по…

Битолската полиција поднесе кривична пријава против С.А.(33),…

Несреќа во Прилеп: Воз удри во автомобил

Во Полициската станица Прилеп вчера во 17.…

(Видео) Градоначалникот на Харков тврди дека нема…

Градоначалникот на Харков, Терехов, изјави дека нема…

Педофил заврши зад решетки во Прилеп: Ја…

На 19.03.2022 во Прилеп од полициски службеници…

Го судат заради навреда кон Заев: Член…

Во вторникот во прилепскиот Основен суд започна…