(Видео) Новинарот Гајдов тврди: Фрчкоски е мозокот на атентатот на Киро Глигоров – Зошто не ги послуша апелите на странските тајни служби?

t

И ЦИА и британската и германската тајна служба веднаш по атентатот на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров испратија телеграми до македонските служби да не се пипа ништо на местото на атентатот затоа што нивни специјални единици веднаш доаѓаат. Но, тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски дал наредба само после 120 минути да се тргне мерцедесот од местото на атентатот. Тој е мозокот на атентатот. Ова вечерва го изјави Љубомир Гајдов, долгогодишен новинар, надворешно-политички коментатор за емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Во разговор со заменикот на шефот на ФБИ, на моето прашање за тоа кој е организаторот на атентатот, тој ми рече дека тоа „Го направија вашите. Најблиските соработници на Глигоров“. Фрчкоски е мозокот на атентатот. И шефот на ЦИА Џорџ Тенет во една прилика изјави дека се знае кои беа најблиските пријатели и соработници на Глигоров. Мислите случајно е тоа зошто Вашингтон не се согласи поранешниот македонски министер за внатрешни работи да биде амбасадор во САД. Тоа секој паметен човек може да го прочита, изјави Гајдов.

Линк од видеото: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=1327441597734088

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обид за атентат на њујоршкиот конгресмен Зелдин:…

Во четвртокот вечерта беше извршен обид за…

Избегната трагедија: ФБИ спречи обид за атентат…

ФБИ спречи обид за атентат врз поранешниот…

Дојава од руската тајна служба го спаси…

Последниот обид на Русија да изврши атентат…

Пристигна закана: Се подготвува атентат на Александар…

Покрај стандардните извештаи дека во авион на…

Страв во Украина: Спречен четврти обид за…

Украинската контраразузнавачка служба спречила четврти обид за…