Објавено на:

(Видео) Нови снимки од гранатирањето на Киев

t

Во текот на ноќта украинската армија презеде офанзивни операции надвор од Киев, уништувајќи значителен број непријателска воена опрема и сила, изјави советникот на украинскиот претседател за внатрешни работи, Вадим Денисенко.

Додека украинската Служба за вонредни ситуации објави дека утрово во Киев се слушнале неколку експлозии, а во гранатирањето биле оштетени две станбени згради.

Станбена зграда од 12 ката во близина на центарот на Киев беше погодена од руско гранатирање рано утринава, предизвикувајќи пожар на неколку ката. Зградата во областа Шевченковски се наоѓа на само неколку километри од центарот Киев. Според првичните информации две лица се повредени, а 37 се евакуирани од зградата.

Во нападот е оштетена и соседната деветкатница. Руската војска пак објавува дека украински воен објект утрово беше погоден во Киев со прецизен удар од Калибр.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ,…

Негативна е оценката за владата на Христијан…

Виничанец измамен за 5.700 евра!

Му уплатиле пари за автомобил, па прекинал…

Министерството за култура очекува околу 1,5 милиони…

Македонија веќе бележи двоцифрен годишен пораст во…

Сосед се заканувал со пушка во Виница

На 26.06.2025 во 16.47 В.М. (61) од…

Земјотрес ја стресе Тирана

Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според…