Објавено на:

(Видео) Ново пукање во Ерусалим: Осуммина се повредени

t

Вооружен маж синоќа отворил оган во автобус во близина на Стариот град во Ерусалим, при што рани осум Израелци во сомнителен палестински напад што се случи една недела по избувнувањето на насилството меѓу Израел и милитантите во Газа, соопштија полицијата, пренесува „Гардијан“.

Според израелските болници кои ги лекуваат повредените, две од жртвите се во тешка состојба, меѓу кои и бремена жена со абдоминални повреди и маж со прострелни рани во главата и вратот.

Пукањето се случило додека автобусот чекал на паркинг во близина на Западниот ѕид, кој се смета за најсветото место каде Евреите можат да се молат.

Израелските полицајци го бркаа напаѓачот низ толпата луѓе, но не успеале да го фатат. Денеска, полицијата соопшти дека осомничениот напаѓач сам се предал.

Синоќешното пукање во Ерусалим следеше по напнатата недела меѓу Израел и Палестинците во Газа и на Западниот Брег. Минатиот викенд, израелската авијација изврши офанзива во Појасот Газа чија цел беше милитантната група Исламски џихад и започнаа тридневни жестоки прекугранични борби.

Исламскиот џихад истрела стотици ракети за време на разгорувањето за да се одмазди за воздушните напади, во кои загинаа двајца нивни команданти и уште неколку милитанти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски шокиран од Израел: Не ни обезбедија…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот изјави…

“Хамас” денеска погуби петмина Палестинци поради соработка…

Вооруженото исламистичко движење "Хамас" утринава соопшти дека…

Пукање во Аеродром: Ранет млад скопјанец

Вчераутро околу 3 часот во СВР Скопје…

ВОНРЕДНА ВЕСТ: Пукање вечерва во Чаир, повреден…

ВОНРЕДНА ВЕСТ: Пукање вечерва во Чаир, повреден…