Објавено на:

(Видео) Нов обид за атентат на Трамп?! Две лица се застрелани во престрелка со Тајната служба пред Белата куќа

t

Две лица се ранети во пукотница во близина на Белата куќа. Инцидентот се случи на авенијата Пенсилванија, веднаш до комплексот на Белата куќа од каде се слушнале истрели, по што следувал брз одговор од полицајците на Тајната служба.

Ранети се осомничениот напаѓач, кој е во критична состојба и случаен минувач – и двајцата се пренесени во болница. Напаѓачот истрелал неколку куршуми кон припадниците на Тајната служба, по што тие возвратиле.

Новинарите на Си-Ен-Ен кои известуваат од Белата куќа објавија дека слушнале десетици истрели, по што биле однесени во салата за брифинзи во Белата куќа, каде им било кажано да се засолнат додека агенти на Тајната служба извикувале „легнете долу“. Агенти на Тајната служба со пушки можеле да се видат како се движат низ тревникот по инцидентот, јавија новинарите на Cи-Ен-Ен.

Американскиот претседателот Доналд Трамп бил во резиденцијата во Белата куќа за време на пукањето.

Директорот на ФБИ, Каш Пател, изјави дека припадници на агенцијата „се на местото на настанот и ја поддржуваат Тајната служба во одговор на истрелите испукани во близина на Белата куќа – ќе ја известиме јавноста штом ќе можеме“.

Селина Ванг, новинарка на ABC News од Белата куќа, објави видео на X на кое го прикажува моментот кога се слушнале истрелите и таа се наведнала да се скрие.

„ Снимав на мојот iPhone за социјално видео од северниот страна на тревникот на Белата куќа кога ги слушнавме истрелите. Звучеа како десетици истрели. Ни беше кажано да истрчаме до просторијата за брифинзи за медиумите“, објави таа.

Инцидентот се случува помалку од еден месец по вечерата на дописниците од Белата куќа, каде што вооружено лице упадна во хотелот каде се одржуваше приемот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нов обид за атентат на Трамп?!…

Две лица се ранети во пукотница во…

Филипче: Мисијата на Кирил и Методиј е…

Претседателот на СДСМ Венко Филипче упати честитка…

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години…

Зар не паѓа дожд од Бога на…

„Економијата не се мери со паника, туку…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го повика…

(Видео) По декади запуштеност се чисти Железничката…

Директорот на ЈП Железници Инфраструктура – Синиша…