(Видео) Нов хаос во албанското Собрание: Опозицијата фрли димна бомба и ги преврте столчињата

t

Албанските опозициски пратеници, предводени од поранешниот премиер Сали Бериша, и денеска не дозволија оддржување на пленарна седница на албанскиот Парламент. Тие денеска први влегоа во пленарната сала и, покрај присуството на припадници на Националната гарда, сепак, ја „затрупаа “ говорницата со столчиња и сето тоа директно го пренесуваа на Фејсбук.

Залуден беше обидот на претседателката на парламентот Линдита Никола да ја почне седницата бидејќи салата беше исполнета со чад од пиротехнички средства. По 20 минути таа беше приморана да соопшти дека седницата е одложена.

Ова е уште еден потег на опозициските пратеници од крилото на Бериша (45 од 59 опозициски пратеници) да не дозволат нормален тек на седницата, најавувајќи дека тоа ќе го прави сè додека не се исполнат нејзините барања: формирање анкетни комисии, вклучување во комисијата за изборни реформи, мнозинството да се откаже од вмешаноста во внатрешните случувања на опозицијата.

– Граѓанската непослушност продолжува и денеска, мирниот протест на опозициските парламентарци со ускратени уставни права. Овој парламент 18 месеци по налог на Еди Рама не дозволува формирање на анкетни комисии со кршење на Уставот. Еди Рама не може да ги прифати нив бидејќи тие прво ќе ги откријат членовите на неговото семејство кои добиле тендери и јавни средства. Еди Рама не може да ги прифати овие комисии бидејќи постојано е инкриминиран и се однесува како шеф на криминална организација за државата – рече меѓу другото Бериша.

Попусти беа и апелите на Таулант Бала, пратеник и министер за внатрешни работи, кој побара од пратеницте „да не стануваат живот месо за интерес на лице прогласено за непожелно во САД и Обединетото Кралство и под истрага од СПАК“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…

Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…

Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…

Во мај пријавени се три случаи потврдени…

Во текот на мај, во државава пријавени…

Почина новинарот Владимир Лапе

По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…

Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…