Објавено на:

(Видео) Ова ли е тоа што го викаат демократија: Коњи газеа преку демонстратите во Отава

t

Полицијата со употреба на сила денеска ги потисна демонстрантите кои ги блокираа улиците во канадскиот главен град, ја презеде контролата над камионите и го расчисти центарот на протестот пред Парламентот.

Десетици камиони заминаа под зголемен притисок, зголемувајќи ги надежите на властите дека ќе го прекинат тринеделниот протест против мерките за борба против коронавирусот во земјата и Владата на премиерот Џастин Трудо.

Властите ја презедоа контролата врз улицата пред зградата на Парламентот, која беше блокирана од демонстрантите со нивните камиони од крајот на минатиот месец и која за време на викендот ќе беше претворена во карневал.

– Ви рековме да заминете. Ви дадовме време да заминете. Бевме бавни и методични, а вие бевте нападни и агресивни кон полицајците и коњите. Врз основа на вашето однесување, ние одговараме со вклучување шлемови и палки за наша безбедност, соопшти полицијата на Отава на Твитер

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…

„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…

Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…

Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…

Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…

Ама премирот наш најави бум: Светска банка…

Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…

Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…

Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…