(Видео) Одиме во ЕУ: Николоски среќен што со францускиот предлог Македонија ги започна преговорите со Унијата! – имаме консензус со власта за прашањето на евроинтеграциите
Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции кој доаѓа од опозицијата пратеникот Александар Николоски и претседателот на Комисијата за европски прашања од редовите на власта пратеникот Арбр Адеми искажаа подготвеност за соработка бидејќи членството во ЕУ е стратешка цел на земјата.
-Ова е процес на кој долго чекавме и за кој има консензус меѓу власта и опозицијата не само сега туку и во минатото, и клучлните политичлките партии и од власта и од опозицкјата поддржуваат членство во ЕУ, рече Николоски кој пред делегатите на КОЕЛА ја претстави работатата на НСЕИ како уникатно инклузивно тело од сите општестевени фактори кое ќе дава мислења, насоки и препораки за процесот на преговори и тоа со консензус.
Пратеникот Адеми меѓу другото нагласи дека процесот на преговори бара хармонизација од сите политички партии за да бидеме победници на тој пат, останува само да се постигне договор во каков формат Собранбието ќе се вклучи во процесот на преговори.
-Сега за нас е значајно што побрзо да почне процесот на уставни измени. Наша задача е да го отвориме Уставот и дел од Уставот да станат три етнички заедници, Бугарите, Хрватите и Црногорците со цел отворање на првиот кластер. Имаме поткрепа и од Чешката Република очекуваме совети и од вас, рече Адеми.
Работната група за проширување и за земјите кои преговараат за пристапување во ЕУ (КОЕЛА) во рамки на дводневната посета на земјава е резултат на отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Македонија во јули 2022 година.
Да потсетиме дека опозицијата повика на масовни протести кога требаше во Собранието да мине францускиот предлог со кој дефакто се прифатија сите бугарски барања, предлог кој ја бугаризира Македонија. Сепак пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се одважија да гласаат против францускиот предлог и почетокот на Македонија на пристапните преговори со Европската Унија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Mицкоски пред неколку месеци во интевју за Призма истакна дека пратениците на опозицијата во Собранието ќе гласаат против францускиот предлог и дека доколку има гаранции од ЕУ и бугарска страна дека тоа ќе биде последно барање неговите пратеници се подготвени да гласаат за промена на Уставот и влез на Бугарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вулин: Србија има политичка поддршка од Русија,…
Србија ја има политичката поддршка од Русија…
Трет ден беснее пожарот над селото Гари!
Веќе трет ден беснее пожар во планината…
Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата…
Одговорност за бегството на Рамадани Владата да…
Филипче: Мицкоски го одби предлогот за нов…
Во Министерството за правда веќе има нов…
„Спасете го Гари пред да му нема…
Втор ден беснее огнот во близина на…