(Видео) Одлуката на Путин да тргува само во рубљи дочекана како празник во Русија: Валутата зајакна 5.5% досега

Одлуката Русија во иднина да им продава гас на непријателските земји само во домашната валута,
рубљата ќе доведе до стабилизација на руската валута и нејзино зајакнување, но тоа е и еден вид политичка порака, вели соговорникот на Спутник.
Рускиот претседател Владимир Путин одлучи Русија да продолжи да испорачува гас во согласност со договорните количини и цени, но непријателските земји ќе треба да плаќаат за таа енергија во руска валута. Европските берзи веднаш реагираа, при што цената на гасот скокна за повеќе од 20 отсто, а руската рубља зајакна за 5,5 отсто во однос на доларот.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, денеска изјави:
“Нема да кријам како вчера зборовите на претседателот на Руската Федерација за преминот кон рубљи во плаќањата за испораките на руски гас беа сфатени како национален празник. Ова е вистинско, големо достигнување за руската економија и за целиот наш народ. Затоа што имаме национална валута. И без зборови, туку само со дела, може да се издигне токму на таков ранг.”
Погледнете го видеото во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Српски навивачи во Мелбурн извикуваат „Србија-Русија“…
Српски навивачи денеска се собраа пред стадионот…
Германската МНР: Ние водиме војна против Русија
Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок изјави…
Русија: Доказ дека Западот планирал војна со…
По денешната одлука на Германија да испрати…
Путин: Руските ПВО системи се едни од…
На средбата со гувернерот на регионот Белгород,…
Норвешки генерал: Во Украина загинаа над 180.000…
Началникот на Генералштабот на норвешките вооружени сили…