Објавено на:

(Видео) Одрон од карпа бил причина за смртта на младата девојка од БиХ – Соседите сведочат за страшниот настан

t

По силниот земјотрес што ја погоди Босна и Херцеговина во кој загина и 27-годишната Елмира Сефо од Столац на социјалните мрежи излезе видео и фотографии по несреќата предизвикана од потресот при кој настрада и младата девојка како резултат на одрон на карпа врз куќата во која живееше со семејството.

Снимките објавени од регионалните медиуми ги покажуваат последиците од ужасниот удар од карпата врз куќата каде биле Елмира со нејзнините најблиски за време на земјотресот.

Според изјавите на комшиите на семејството Сефо огромното парче на карпа паднало врз кровот од објектот при тоа пробивајќи го покривот и внатрешноста на куќата.

Черкез Џенан со солзи во очите се уште не може да поверува што се случило. Утринава тој за телевизијат Н1 рече дека четири големи карпи паднале од ридот и им направиле штети на неколку куќи како резултат од силниот земјотрес.

– Паднаа четири поголеми карпи, постои можност за нови одрони на можете да видите кои се веќе започнати, некој треба да излезе на терен“, вели тој.

Инаку, според пишувањата на медиумите Елмира била донесена од Столац во болница во тешка состојба. Била без пулс, притисок и практично без знаци на живот. Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но спас немало. Нејзините родители и сестра се полесно повредени, соопштија од болницата во која беше згрижена.

Превод: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 43.844 луѓе загинаа во земјотресите во…

Турските власти соопштија дека најмалку 38.044 луѓе…

Нов земјотрес ја погоди Турција

Нов земјотрес денес ја погоди централна Турција.…

Бројот на загинати во Турција и Сирија…

Според најновите податоци, во разорниот земјотрес во…

(Видео) СТРАШНО: Нема земјотрес ама зграда во…

Страшно видео се шири на социјалните мрежи…

Чудата не престануваат: Маж спасен по 167…

Во областите на Турција погодени од силни…