Објавено на:

(Видео) Оружје кое е толку застрашувачко што го нарекуваат САТАНА: Која е моќта на руската ракета Сармат II

t

Ракетата „Сармат“ или „Сатан II“ како што ја нарекуваат вчера успешно го проби небото над Камчатка, а Путин беше спореден со Ким Џонг Ун во своето тестирање проектили. „Сармат“ беше развиван со години за да може да носи 15 боеви глави тешки до 10 тони на пат околу планетата долг 18.000 километри. Според рускиот претседател, во моментов не постои друга слична технологија.

– Новиот комплекс има највисоки тактичко-технички карактеристики и е способен да ги надмине сите современи средства за противракетна одбрана. Нема налик на неа во светот и нема да има уште долго време – рече Путин.

Самата ракета тежи 208 тони, а патува со брзина од 25.560 километри на час. Долга е 35,5 метри со дијаметар од 3 метри.

Кои биле Сарматите?
Сарматите, по кои е крстена ракетата, биле антички народ кој живеел во Иран негде од петтиот век пред нашата ера, до четвртиот по Христа, а биле населени меѓу Дунав, Волга, Црното и Каспиското Море. Подоцна тие станале дел од Скитите и Прасловените. Стручно земено, таа е супертешка интерконтинентална балистичка ракита (ИЦБМ), опремена со течно гориво. Нејзиниот претходник е „Сатан СС-18“. Ја дизајнирале во бирото „Макеев“.

„Сармат“ е едно од шесте нови руски стратешки оружја што Путин ги откри на своето годишно обраќање уште на 1 март 2018 година. НАТО ја знае и под името SS-X-29 или SS-X-30. Не се знае точниот број на ракети „Авангард“ кои таа може да ги носи, но познато е дека може да ја менува својата траекторија односно „да лизга“.

Што значи тоа? Таа нема обична траекторија како парабола туку како некаква синусоида, се приспособува за да постигне поголема брзина и аеродинамичност. По потреба ракетата ќе се спушти, па пак ќе се крене.

Пред да удри се спушта ниско и кружи
Пред да ја погоди целта „Сармат“ може да се спушти на висина и до 150 километри за да биде невидлив за радарите, а потоа, може да орбитира околу целта, користејќи спротивен погон пред да удри. Тоа се вика фракционо орбитално бомбардирање, на скратено ФОБС.

„Сармат“ исто така има кратка фаза на засилување на моторите, што го скратува интервалот кога може да се следи од сателити со инфрацрвени сензори, како што е американскиот вселенски инфрацрвен систем. Ова го отежнува пресретнувањето. На пример, се шпекулира дека „Сармат“ би можел да лета на траекторија над Јужниот пол, целосно имун на кој било сегашен систем за ракетна одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И покрај налогот за апсење, Путин ќе…

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, по…

Две жени повредени во сообраќајка во Скопје

На 20.03.2023 во 13.15 часот во СВР…

Песков откри за што разговарале Путин и…

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин…

Љупчо Георгиевски го прогласи за мртов Македонизмот

Последните десет поста ми беа посветени на…

Гаши: Ако Курти ги формира ЗСО, ќе…

Поранешниот советник на косовскиот премиер Албин Курти,…