(Видео) Османи: Не размислуваме да влеземе во оваа Влада – Ако има докази за криминали, бујрум, постапете

Во оваа Влада не размислуваме да влеземе, истакна денес во гостување во подкастот „Политиканти“ на Инфомакс поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, зборувајќи за можен влез на ДУИ во Влада со ВМРО-ДПМНЕ.
– Оваа Влада нема легитимитет, Владата е легална, меѓутоа не е легитимна, нема легитимитет на втората по големина етничка заедница. Бројките се такви, еден глас повеќе, значи еден глас повеќе. Целта на Рамковниот договор беше да се создадат заштитини механизми како Бадентер, Балансер. Уставниот суд ги сруши, падна Блансерот, по оваа логика ќе падне и Бадентерот, вели Османи.
Во врска со заедничка македонско-албанска коалиција, Османи смета дека во иднина треба да целиме кон такво сплотување, меѓутоа не додека се разговара за основни прашања. Според Османи 11 декември е „Денот Д“ бидејќи Уставниот суд одлучува за уставноста на Законот за употреба на јазиците.
– Таа тема беше многу чувствителна, тоа беше меѓупартиски договор во кој секоја запирка е преговарана со недели за да има јасен баланс и секое тргање на запирка, поништување на еден член е губење на компромисот. Јас се надевам дека Уставниот суд нема да егзекутира политички пораки, да не речам нарачки, вели Османи.
Реакцијата на ДУИ, во случај на промена на Законот и во однос на одлуката на Уставниот суд ќе биде во рамки на законите и демократските капацитети, вели Османи.
– Ние нема да можеме да имаме контрола врз ситуацијата ако такво нешто се случи и никој да не очекува и да не го обвинува ДУИ. ДУИ нема да преземе сигурно ништо надвор од демократските средства кои се дозволени, меѓутоа ќе немаме контрола, смета Османи кој истакна дека ДУИ нема потреба од тензии и дестабилизација бидејќи има одличен рејтинг.
– Ако има докази за криминали на лица од ДУИ, бујрум, меѓутоа да не е тоа политичка кампања, истакна Османи. Тој додаде дека единствена шанса и за Македонците и за Албанците е да се обединиме.
– Јас се чувствувам горд што како Албанец успеав да го официјализирам македонскиот јазик, зошто некој би сакал да го чепне мојот јазик, вели Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Трагедијата што се случи бара јасна…
Демократската унија за интеграција објави соопштение по…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…
(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…
Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…