(Видео) Османи: Ја поддржуваме Украина заради самите нас – Иронизирањето на поддршката има за цел разнишување на довербата во Армијата и институциите

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес на прес конференција истакна дека иронизирањето на македонската поддршка за Украина и како што кажа тој “хибридните напади на Фејсбук” имаат за цел да ја нарушат довербата на граѓаните во институциите.

Османи кажа и дека тоа е поттикнато од одредени центри со цел да не се слушаат апелите на институциите понатака во одредени ситуации.


Еве што кажа министерот:

“Јас разговарав и кажав претходно, нашата поддршка за Украина не е само заради Украина, туки заради бранење на принципи коишто се важни и за нас како суверена држава. Поддржувајќи ја Украина ние се поддржуваме себеси и затоа јас сум малку и изненаден од жестината на поддршката во одредени кругови кон руската позиција во овој конфликт.

Обидот за деградирање на нашата позиција, за иронизирање на нашата позиција, иронизирање на поддршката за Украина, што можете вие да ја поддржите Украина… Немате ништо како држава! И тоа верувајте дека е хибридна закана. Нам може да ни личи дека луѓето на Фејсбук, по социјални мрежи така коментираат но тоа е поттикнато од одредени центри кои сакаат да ја нарушат довербата на граѓаните во нашите институции.

Вчера кога Владата донесе одлука за помош имаше илјадници реакции. Што вие ќе дадете, ќе дадете играчки затоа што вие немате ништо? Тоа е целта, да се наруши довербата во Армијата. Знаете дека ако има институција во оваа држава со најголема доверба кај граѓаните тоа е Армијата.

Целта е да се наруши довербата во Армијата, да се наруши довербата во институциите, за да потоа не се слушаат нашите пораки кога повикуваме граѓаните да прават нешто и на тој начин се наштетува на една држава. Затоа мислам дека е важно сите да се бориме против тие хибридни напади кои имаат за цел да ја нарушат довербата на граѓаните во институциите, а тоа е клучен елемент и за бебедноста на државата” – рече министерот Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиени 210 нацисти, деминиран Мариупол: Брифинг на…

90-ти ден од руската специјална операција во…

Британското разузнавање открива: Кој град е следен…

Врз основа на анализата на дејствувањето на…

Русија предупредува: Киев подготвува провокација со жито,…

Русија: Киев подготвува провокации во силоси со…

Шамар од Холандија за Украина: Далеку сте…

Малку е веројатно дека Украина ќе добие…

(Фото) Падна уште еден град во Доњецк:…

Руските сили ја презедоа контролата врз градот…