(Видео) Паднаа маските: Заев со овации пречекан на конгрес на СИРИЗА – Во својство на (поранешен) претседател на СДСМ?

t

Поранешниот македонски премиер и поранешен претседател на СДСМ, Зоран Заев заедно со екс министерот за здравство Венко Филипче денеска се гости на конгресот на грчката политичка партија СИРИЗА чиј претседател е Алексис Ципрас.

Заев беше пречекан на конгресот со громогласен аплауз и овации, а тој возврати со неговиот добро познат потег, рака на срце, истиот потег кој го направи додека се колнеше во жицата и семето дека нема да го смени името и да го загрози македонскиот идентитет.

Грците имаат причина да го “слават” Заев, но македонската јавност го поставува прашањето во кое својство екс премиерот и порашеншиот министер за здравство се поканети на конгресот на СИРИЗА?

На конгреси на политички партии се канат лидери на сестрински политички партии, обично во знак на почит и соработка на партиите и државите. Но Заев не е веќе премиер. Тогаш во кое својство е поканет, како претседател на неговото новоформираната невладина организација “Едно општество за сите”? Или како претседател ан СДСМ кој никогаш вистински не заминал од функцијата?

Зошто премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски не е поканет, туку на негово место Ципрас ги повика Заев и Филипче?

Очигледно за грчкиот опозициски лидер Заев се уште е премиер, а “Таче” никој не го рецка.

На домашна сцена се приреди театар дека Заев го слуша гласот на народот па после изборен пораз поднесе оставка, но маските и лицемерието кон македонскиот народ паднаа вечерва.

Дополнително нејасно е дали Филипче го поканија како “поранешен ама сепак актуелен” потпретседаел или како министер кој пред заминување од функцијата “ги награди” браќата Грци со два и пол милиони евра кои ги “одзеде” од рацете на “Бетон Штип”?

Парадите завршија, ако некој мислеше дека Ковачевски е премиер веќе може да ја извади таа мисла од глава. Ципрас ги потона лагите на СДСМ во еден ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчки пратеник: Преспанскиот договор придонесе за признавање…

Пратеникот на прогресивната алијанса на СИРИЗА и…

Сите освен Таче биле на конгресот на…

Договорот од Преспа е симбол на храбри…

(Видео) Паднаа маските: Заев со овации пречекан…

Поранешниот македонски премиер и поранешен претседател на…

(Фото) Сириза: Обраќањето на Зеленски и припадниците…

Зеленски денеска се обрати пред грчкиот парламент…

(Видео) Австрија има женска верзија на Заев:…

Изјавата на австриската министерка дека Африка е…