(Видео) Падна годишниот извештај на Петре Шилегов!

На денешната шеста седцина на Советот на Град Скопје советниците не го усвоија годишниот извештај на реализирани средства за 2021 година. Тие велат дека бифтеците на Шилегов не се за гласање.
Советниците изнесоа низа забелешки за трошењето на средствата во Град Скопје од страна на претходниот градоначалник и претходниот состав на Советот.
Беше споменато дека градот има мал процент на реализација на самофинансирачки инвестиции, а од друга страна буџетот бил дополнително оптеретуван со кредити кои како што велат советниците се трошеле за ручеци и бифтеци.
Бројот на реализирани капитални инвестиции е мал, само 13 предвидени инвестиции кои не се во целост реализирани, а за нив биле потрошени астрономски суми на пари.
Следете ја седницата на Советот на Град Скопје во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/510781440456080
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…