Објавено на:

(Видео) Палестинци маршираа кон операта во Сиднеј и ја гаѓаа затоа што беше осветлена во боите на Израел

t

Илјадници палестински приврзаници маршираа низ улиците на Сиднеј, Австралија, откако Израел му објави војна на Хамас.

На собирот во Сиднеј, организиран од Палестинската акциона група Сиднеј, се бара Австралија да ги прекине врските со Израел и ги повика приврзаниците на „протестирање во знак на солидарност со Палестина“.

Демонстрантите маршираа од Градското собрание до операта во Сиднеј, која беше осветлена во бело и сино во знак на поддршка на Израел, што ги налути демонстрантите.

„Отпорот е оправдан кога Палестина е окупирана“, извикуваа стотици демонстранти додека маршираа по улицата Пит. Групата ја следеле десетици полицајци.

Откако стигнаа до операта, дел од демонстрантите фрлаа факели врз зградата.

На протестот се вееја палестински знамиња, а полицијата приведе еден маж кој го истакна израелското знаме. Се појави видео на кое се гледа како полицијата насилно го приведува човекот и му го одзема знамето, што предизвика жестоки реакции кај неговите пријатели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го сака Гренланд и неговите 55.000…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека…

Јокиќ жестоко ги искара соиграчите, па одржа…

Кошаркарите на Денвер нагетс ја декласираа екипата…

Интер лесно се справи со Каљари, Лаутаро…

Фудбалерите на Интер ја оправдаа фаворитската улога…

Возило на МВР имало сообраќајна незгода, три…

Денеска (29.12) во 05:55 во СВР Скопје…

Осум Македонци меѓу најбогатите во регионот за…

Изданието за 2024 година на престижната “Топ…