(Видео) Појава на диви свињи во “Пржино”: Граѓаните да останат смирени при евентуална средба со животните

t

Денеска на игралиштето „ЈСП“ во населба „Пржино“ (познато и како Игралиште „Славија“ – Пржино), портпаролот на Центарот за управување со кризи, Илија Бојаровски, ја информираше јавноста за нападот на диви свињи на домашни миленици на подножјето на Водно и појавата на диви свињи во парк шумата “Водно”.

– Како Центар за управување со кризи (ЦУК) добивме повеќе дојави од загрижени и вознемирени граѓани, кои јавувааат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, за присуство и напади од диви свињи во Парк шумата „Водно“ и во урбаните средини што се граничат со природата, особено кога граѓаните шетаат со миленици – кучиња и тоа е сериозен проблем и опасност за луѓето во населбите на работ на Парк шума „Водно“, а и за планинарите и рекреативците кои пеш се движат по тесните планинарски патеки, иако навидум звучи само како интересна и невообичаена вест. Нашата прес-конференција е цо цел да иницираме изнаоѓање системско решение во рамки на нашите задачи за превенција, или како што нашиот директор Ангелов посочува дека безбедноста на граѓаните е на прво место. Секако, истовремено во оваа прилика заедно со вас медиумите и да укажеме за опасноста на другите граѓани коишто за оваа опасност не се запознати, а се движат на овие локации и по планинските пешачки патеки на Водно.

  • Ако досега имало пријави само за контакт со диви свињи во високите шумски предели, сега стада/крда диви свињи се појавуваат и во Скопје, како во случајов во Пржино, а и други населби на граница со природата во скопско.
    Во последниот неколкугодишен период е зголемен ризикот од појавата на болеста „Африканска свинска чума“ кај дивите свињи околу Македонија, а сега и во Македонија.
  • Бидејќи нема специјализирана институција за справување со ваква или слична појава Центарот за управување со кризи (ЦУК) се обрати со барање за преземање на законски надлежности до:
  • Јавното претпријатие (ЈП) „Паркови и зеленило Скопје“ (што управува и стопанисува со Парк шума „Водно“)
  • Инспекторат за шумарство и ловство (стручен орган за ловство)
  • Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) (координатор за справување со „Африканска свинска чума“, што имаме информација дека дава и награда 250,00 денари за пријавена угината дива свиња)
  • Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) (надлежен ресор што во составот има сектор природа)
  • Министерството а земјоделие шумарство и вдостопанство (МЗШВ) (надлежен ресор што во нгвовиот составот има Сектор шумарство)
  • Министерство за внатрешни работи (МВР) (надлежен ресор за безбедност на граѓаните)
  • Градоначалник на Град Скопје – г-ѓа Данела Арсовска (координација на активностите на повеќе градски јавни претпријатија и установи коишто би можеле со своите ресурси да се вклучат во справување со појавата, како на пример Зоолошката градина во Скопје, повеќе здруженија за заштита на животни и слично)
  • Градоначалник на Општина Кисела Вода – г-дин. Орце Ѓорѓиевски (населбата „Пржино“ е на подрачјето на Општина Кисела Вода, бидејќи и оваа локација каде што ја реализираме прес-конференцијата се последните пријави за напад од диви свињи на домашни милечиња – кучиња, при прошетка на истава локација)
    Ако има уште некоја институција ќе се обратиме дополнително и до неа.
    До изнаоѓање на трајно решение коешто би го донела и спровела некоја од наведените институции (пронаоѓање заловување и пуштање на дивете свињи во природа на друга соодветна локација или со санитарен застрел или некое сосема трето решение) би апелирале до граѓаните при евентуална средба со дивите свињи да се обидат останат смирени, да не ги напаѓаат дивите свињи со камења или други прирачни средства за да не ги предизвикаат свињите, зашто при нивна одбранбена реакција може сериозно да повредат граѓанин, а лицата кои ги шетаат своите миленици (кучиња), да ја одбегнуваат ивицата/работ на населбата каде што започнува шумата, бидејќи инстинктите на кучињата и свињите се непредвидливи.

ЦУК преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е во постојана комуникација со граѓаните и сериозно ги третира дојавите за опасност по животот и по материјалните добра.
Голема благодарност до Вас, медиумите, бидејќи Вие, преку вашата работа ја јакнете и јавната свест за заштита на граѓаните, на животните и на материјалните добра во државата.

ЛИНК од прес-конференцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Се засилува потрагата по исчезнатото лице…

ЦУК: Потрагата се засилува по лицето кое…

(Видео) Појава на диви свињи во “Пржино”:…

Денеска на игралиштето „ЈСП“ во населба „Пржино“…

ЦУК: По вчерашното невреме најмногу пријави има…

По обилните врнежи од дожд и силниот…

ЦУК: Екипите се на терен, најпрво се…

Центарот за управување со кризи, преку 112…