Објавено на:

(Видео) По 18 часа во морето спасениот Македонец на Халкидики стапна на копно со насмевка на лицето, расположен и опуштен

t

Со насмевка на лицето, смирен, опуштен и во добро расположение, 30-годишниот македонски државјанин по поминати над 17-18 часа во морето, стапна на копно и со возило на брза помош беше пренесен во болница, откако спасувачките екипи го пронајдоа во морскиот дел југозападно од Касандра на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

Веројатно е дека хеликоптерот што учествува во акцијата, го лоцирал исчезнатиот, по што бил информиран товарниот брод, што се наоѓал во близина и го спасил Македонецот, а потоа бил преземен од чамец на грчката крајбрежна служба.

На пристаништето беше пречекан со аплауз од присутните, но и од голем број новинарски екипи кои од вчера детално го следат случајот со исчезнатите македонски туристи.

Според грчките медиуми станува збор за Иван, 30-годишниот кој вчера славел роденден.

Извори од крајбрежната служба на Грција, како што претходно објави МИА, брифираа дека спасениот 30- годишен државјани на Македонија е во релативно добра здравствена состојба.

Градоначалничката на Касандра Анастасиа Халкиа за солунскиот информативен портал „Ворија” вели дека веројатно добрата физичка состојба и смиреноста биле пресудни што и по 18 часа во морето, останал жив.

На еден од чамците на спасувачките екипи, додека траеше потрагата беа и братот и таткото на спасениот, кои од Македонија пристигнале на Халкидики.

Акција и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на последниот од тројцата исчезнат, односно 28- годишен македонски државјанин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ЕЖЕЊЕ! Пробајте да не заплачете! Местрална…

Владата може да потпишува што сака, Македонците…

Мицотакис: Грција е извозник на енергетската безбедност…

Енергетските соработки во регионот, односно гасоводот ТАП,…

Настава на македонски јазик, враќање на македонските…

Центарот за македонски јазик во Грција денеска…

(Документи) Центарот за македонски јазик во Грција…

После долго време Македонците, особено Македонците од…

Македонец уапсен во Софија! Определен му е…

Македонски државјанин е уапсен и обвинет откако…