Објавено на:

(Видео) „Првата љубовница на Русија“ се појави во Москва: Буквата „Z“ и поддршка за војната

t

Алина Кабаева, поранешна гимнастичарка и наводна љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, неодамна се појави во Москва и отворено ја поддржа војната во Украина.

Иако повеќето светски медиуми објавија дека Кабаева е во Швајцарија, заедно со децата, таа пред неколку дена се појави во Москва.

Поранешната гимнастичарка отвори фестивал наречен „Алина“ и по долго време даде изјава за медиумите кои со месеци се обидуваат да откријат детали за нејзиниот живот.

Во таа прилика Кабаева застана пред ѕидот со буквите „Z“, што стана симбол на руската агресија врз Украина. Освен тоа, таа отворено проговори и за причините поради кои ја поддржува „специјалната воена операција“ во Украина.

„Секое семејство има воена приказна, ние живееме во таква област. На многу руски спортисти им е забрането да се натпреваруваат во светот, што е неправда. Го гледавме геноцидот во Донбас со години, па Русија мораше да реагира“, рече жената во јавноста означена како „првата љубовница на Русија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама им се пожали на ОН за…

Албанскиот премиер Еди Рама го повика Собранието…

Владиката Партениј одлучуваше на гробот на Пресвета…

На гробот на Пресвета Богородица во Гетсиманија,…

Малолетник нападнат од осум лица во Центар

На 24.09.2022 во 02.30 часот во СВР…

Вардар подобар од Алкалоид

Македонскиот шампион потешко од очекувањата го совлада…

Србите во Косово секојдневно ја чувствуваат политиката…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…