(Видео) Претставништвата на ЕУ и САД во Македонија со нови пораки за борбата против корупцијата

t

Ова е главната порака од ЕУ и САД до Македонија и земјите од Западен Балкан на Регионалната конференција за борба против корупцијата, што се одржа во Скопје. Евроамбасадорот Дејвид Гир и заменик амбасадорот на САД Ерик Мејер порачаа дека Брисел и Вашингтон ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на властите за искоренување на корупцијата, но очекуваат конкретни резултати и од домашните институции.

– Убави зборови не се доволни. Има признанија од официјалните лица дека многу е направено, но има уште многу да се направи. И ова се се случува во период кога Македонија како држава што преговара за членство во ЕУ мора да направи напредок во фундаментални области, како борба против корупција, промовирање на владеење на правото, изјави Гир.

– САД слуша. И особено очекуваме резултати со 10 милиони долари којшто ги вложивме во судството во Македонија до ден денеска, блиску го следиме она на што се обврзавте и дали ги исполнивте обврските, изјави Мејер.

Дека граѓаните бараат резултати во борбата против корупцијата, а не само декларативни заложби, смета и вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска. На прозивките на обвинителот Јовевски одговори дека таа воопшто не се меша во нивната работа а улогата на најизниот кабинет е да ги детектира слабостите во правосудниот ситем и да нуди решенија. Конкретно забелешки има за спогодбите што ги прави обвинителството со обвинетите, начинот на избор на шеф на обвинителството за организиран криминал, како и критериумите за избор на судии.

Грковска кажа и дека не знае која била улогата на американскиот тим за санкции кој беше во земјава, и воопшто немала средба со нив. Истражителите, како што соопштија од амбасадата на САД, веќе ја напуштил земјава, а дали и какви конретни резултати ќе има од посетата останува неизвесно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минималната плата во Грција од 1 април…

Од 1 април годинава, минималната плата во…

Голем удар за Русија, хакерски напад го…

Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…

(Видео) Што ќе ти е Закон кога…

Првиот вицепремиер Изет Меџити уште во јуни…

Бојан Величковски е нов началник на СВР…

Бојан Величковски е именуван за нов началник…

Собрание: Пратениците работат, откажани се само пленарните…

По повод реакциите од јавноста дека пратениците…