(Фото) Принова во скопската зоолошка: Се роди ново бебе, редок вид белорак гибон

Зоолошката градина во Скопје објави дека во нивното животинско царство се родило уште едно бебенце, станува збор за редок вид белорак гибон.
-Во Зоо Скопје, на мама Бетка и тато Џорџ им се роди уште едно бебенце од видот белорак гибон
Полот се уште не го знаеме бидејќи не сакаме да ја вознемируваме мама, а бебето има и постара сестричка-Софи, која се роди пред околу две години и за која пишуваа сите светски медиуми, токму поради фактот што гибоните се еден од најзагрозените видови и носењето подмладок на свет е реткост и во природата и во зоолошките градини.
Белораките гибони во природата се загрозени на повеќе начини: најприсутна закана е губитокот на нивните живеалишта, односно масовната сеча на дрва, изградба на патишта, земјоделски активности, туризам, шумски пожари, неконтролирано уништување на шумите, изградба на нови села и насади на маслодајни палми…
Се надеваме дека светот нема да дозволи повеќе овој вид да биде загрозен
Да ни е живо и здраво новото бебенце гибон стои во нивниот пост на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетници со нож ограбиле врсници во Чаир!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца…
НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА ЛАГИ: Не е точно…
Не е точно дека исчезнатото 14-годишно девојче…
Скопјанец нападнат со нож кај Бит Пазар!
На 27.11.2023 во 07:35 часот во СВР…
(Видео) Здружението „Лесја Украинка“ изразува протест за…
Здружение на Украинци во Република Македонија „Лесја…
Лавров во Скопје со времена дозвола
Од 9 до 12 часот денеска (28.11.)…